Фото; Општина Аеродром

Лисиче со подобрено снабдување со струја, надземната мрежа „замина“ под земја

Електродистрибуција ја заврши првата фаза на проектот за замена на надземните водови со подземна мрежа на улицата Гаврил Константиновиќ во населба Лисиче. Среднонапонската дистрибутивна мрежа е целосно реконструирана, а во втората фаза која е во тек, се продолжува со изведба на работни активности на нисконапонската мрежа, информира од Општина Аеродром.

Градоначалникот Тимчо Муцунски, кој заедно со претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, Волфганг Маиер беа во увид на терен, смета дека соработката со компанијата за кусо време покажала добри резултати.

 Безбедноста на жителите е зголемена, а уличното осветлување е средено. Подземната мрежа ѝ овозможи уште поголем простор на општината, кој може да се искористи за други намени со цел инвестиции и олеснување на животот на нашите граѓани – смета Муцунски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот