Лина Ѓорческа/фото: mtftennis.mk

Лина Ѓорческа стартуваше успешно на ИТФ турнирот во Унгарија

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа со победа во првото квалификациско коло го почна настапот на ИТФ фјучрсот W75 во унгарскиот град Секешфехервар. Таа денеска ја совлада домашната тенисерка Мелинда Биро со 2:0 во сетови 6:3 и 6:0.

Турнирот се игра во сала на земјена подлога и е за награден фонд од 60.000 долари. Ѓорческа е рангирана како втора носителка на квалификацискиот турнир.

В понеделник за пласман на главниот турнир Ѓорческа ќе игра против Романката Андреа Присакариу (25 години, 476 место ВТА), која во денешниот меч од првото коло од квалификациите ја совлада Унгарката Грета Фенивес со 2:0 во сетови.

Настап во Шарм Ел Шеик на ИТФ турнирот W15 турнирот настап ќе има македонската тенисерка Магдалена Стоилковска. Во првата квалификациска рунда беше слободна и е рангирана како прва носителка во квалификациите.

Нејзина противничка утре ќе биде Маргарита Охендовскаја од Украина, која во првата квалификациска рунда ја совлада Рија Убовеја од Индија со 6:3, 3:6 и 10:6. Турнирот се игра на отворено на тврда подлога за награден фонд од 15.000 долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот