
Лиjам Пејн се допишувал со Никол Шерцингер на денот на неговата смрт: Пејачката се прости од својот пријател
Музичарот Лијам Пејн почина пред нешто повеќе од една недела, а една од последните со која разговарал преку пораки била пејачката Никол Шерцингер.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Композиторот Ендрју Лојд Вебер, кој работи со Никол на мјузиклот „Sunset Blvd“, зборуваше за нејзината врска со Лијам во интервју за „Билборд“.
Така открил дека Никол и Лијам си разменувале пораки на денот кога тој трагично паднал од третиот кат во хотелот и починал.
„Нешто што сè уште не е кажано, а верувам дека можам да го кажам е дека таа му беше ментор на Лијам. Тие се допишуваа во средата кога тој почина“, рече тој. Композиторот рече дека Никол дознала за смртта на Пејн непосредно пред да излезе на сцената.
„Таа штотуку слушна дека умрел. Фактот што излезе и настапи беше извонреден. Мислам, таа е неверојатна жена. Таа без сомнение е една од најдобрите изведувачки со кои сум работел“, додаде Вебер.
Лијам и Никол се запознале во 2010 година на „Икс фактор“. Таа беше член на жирито, додека Пејн беше на аудиција.
Шерцингер денеска се огласи на Инстаграм и се прости од својот пријател и колега.
View this post on Instagram
„Драг Лијам. Секогаш ќе го ценам и негувам времето што го поминавме заедно, од пред 15 години кога се роди ‘One Direction’ до пред неколку недели. Беше голем благослов да работам со тебе неодамна. Ја делевме истата љубов и страст за музика и секогаш ќе се сеќавам на нашите значајни и радосни разговори. Донесе толку многу радост, светлина и смеа во животите на оние кои навистина те познаваа. Ќе ми недостигаш пријателе и ќе те носам во моето срце. Моите мисли и молитви се со твоето семејство“, напиша таа.