Академија Пандев е аутсајдер во двомечот со полската Лехија Гдањск/Фото: facebook.com/fkakademijapandev

Лига на конференции: „Пандевци“ со висока негатива се враќаат од Полска

Вечерва во првиот натпревар од првото квалификациско коло во Лигата на конференции екипата на Академија Пандев загуби убедливо на гостински терен од Лехија Гдањск со 4:1.

„Пандевци“ ќе имаат тешка задача на реваншот да ја надополнат негативата, возвратната пресметка е на 14 јули во Скопје ФФМ Тренинг центарот „Петар Милошевски“.

Во осмата минута дојде до прекин на мечот во Гдањск поради нередите кои ги создадоа домашните навивачи, по што мораше да реагира полицијата за да се смири ситуацијата на трибините.

После 30 минути пауза натпреварот продолжи, а Полјаците уште во првото полувреме покажаа зошто се фаворити во овој двомеч.

Гол серијата ја започна Португалецот Флавио Пајшао во 17 минута, па зголеми Лукаш Зволински на 2:0 во 25 минута.

Стрелец на третиот гол беше Пајшао во 39 минута, а истиот играч во комплетираше својот хет-трик во 66 минута.

„Пандевци“ својот единствен гол го реализираа во 81 минута, убав корнер изведе Сашко Пандев, а највисоко скокна Србинот Душан Јоковиќ кој со глава ја смести топката во мрежата на Куцјак.

Се одиграа уште три меча: Дун. Стреда – Клифтонвил 2:1, Дери сити – Рига 0:2, Тре Пене – Тузла сити 0:2.

Лига на конференции: Шкендија со предност ќе патува на реваншот во Ереван

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот