Дака му донесе голема победа на Лестер на гостувањето во Москва/фото: EPA-EFE/YURI KOCHETKOV

Лига на Европа: Патсон Дака со четири гола сам го победи Спартак

Фудбалерите на Лестер славеа со 3:4 на гостувањето во Москва кај Спартак во рамки на третото коло во Лигата на Европа. Англискиот тим славеше со пресврт, а вистински херој е Патсон Дака кој ги постигна сите четири гола за Лестер.

Спартак со головите на Соболев и Ларсон поведе со 2:0, но Дака во последната минута од првиот дел го намали резултатот на 2:1.

На самиот старт од второто полувреме, Дака постигна два гола, во 48. и во 54. Минута за водство од 2:4, а победата на својот тим ја завери со четвртиот гол во 79. минута. Рускиот тим до крајот само успеа да го ублажи поразот преку вториот гол на Соболев во 86 минута.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!