фото: EPA-EFE/ROBERT PERRY

Лига Европа: Ренџерс четвртфиналист, елиминирани Мурињо и Фенербахче

Откако првиот натпревар од осминафиналето во Лига Европа заврши со триумф на фудбалерите Ренџерс од 3:1, на возвратниот дуел во Шкотска со 2:0 славеше Фенербахче на португалскиот тренер Жозе Мурињо.

Немаше погодоци во продолженијата, па патникот во четвртфиналето го дознавме во пенал серијата во која подобри беа играчите на Ренџерс со 3:2.

Противник на шкотската екипа во следната фаза од натпреварувањето ќе биде Атлетик Билбао.

Во останатите четвртфинални средби се среќаваат: Бодо/Глимт – Лацио, Тотенхем – Ајнтрахт Франкфурт и Лион – Манчестер јунајтед.

Првите натпревари ќе се играат на 10 април, а возвратните дуели се закажани седум дена подоцна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот