Катар бомбардиран од страна на Израел - Извор Х

Лидерите на Хамас се живи по израелскиот воздушен напад во Катар

Хамас објави дека неговиот преговарачки тим го преживеал денешниот израелски воздушен напад во Доха, но во инцидентот загинале шест лица, меѓу кои синoт и директорот на кабинетот на главниот преговарач Халил ал-Хаја. Израелскиот напад ја погоди станбена зграда во централниот дел на Доха, каде се наоѓа и повремен штаб на Хамас. Нападот бил изведен со 15 борбени авиони кои испукале десет ракети кон конкретна цел.

Израел ја презема одговорноста

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, потврди дека операцијата била „хируршки прецизен напад“ насочен кон водачите на Хамас и дека земјата ја презема целосната одговорност. Израел го оправдува ударот како одговор на активностите на Хамас, вклучително убиство на израелски војници и цивили во Ерусалим и Газа. Ова е првпат мета да биде Катар, каде се одвиваат преговори за евентуален прекин на огнот.

Политички импликации и реакциите

Хамас ја оцени акцијата како доказ дека Израел не е заинтересиран за преговори за мир, додека Белата куќа соопшти дека била однапред известена за нападот. Катар, пак, тврди дека немал предходно известување. Инцидентот ги заострува тензиите во регионот и ја отвора дилемата за безбедноста на преговарачките мисии во странство, потенцирајќи дека војната сè повеќе се проширува на територија надвор од традиционалните фронтови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот