Либан објави дека израелска граната погодила предградие на град во јужниот дел на земјата

Израелски борбени авиони летаат над либанско-израелското погранично село/Фото: EPA-EFE/WAEL HAMZEH

Либанските медиуми објавија дека за време на израелското гранатирање денеска, граната погодила предградие на град во јужен Либан.

Како што пренесуваат агенциите, ова доаѓа неколку часа откако привременото примирје меѓу Израел и палестинското движење Хамас беше продолжено за два дена. Портпаролот на израелската армија изјави дека „во моментов не знае за таков инцидент“.

Националната новинска агенција на Либан (ННА) и либанската телевизија Ал-Џадид објавија дека израелска граната утринава оштетила населба на градот Аита ал Шааб.

По неколкунеделниот оган меѓу Израел и либанската шиитска група Хезболах, огнот беше привремено прекинат во петокот кога палестинската исламистичка група Хамас, сојузник на Хезболах, и израелските воени сили постигнаа привремено примирје во текот на нивниот конфликт што избувна со ненадејниот напад на Хамас на 7 октомври.

Портпаролот на мировните сили на ОН во Либан (УНИФИЛ) изјави дека ја истражуваат информацијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот