Димитар Апасиев / Фото: ТВ 24

Левица ги разгледува пријавите на дури 20 кандидати за градоначалник на Скопје

Левица ќе има свој кандидат за градоначалник на Град Скопје и на локалните избори годинава, потврди лидерот на партијата, Димитар Апасиев во интервју за ТВ „24“. На претходните локални избори партијата го кандидираше Петар Георгиевски – Камиказа, познат музичар.

На огласот за кандидати за градоначалници досега се пријавиле 20 лица, а од утре внатрепартиски ќе се разгледуваат нивните апликации.

Во над 50 општини, партијата ќе има и свои советнички листи.

Според Апасиев, кампањата ќе биде валкана, а најголемите како што рече „удари“ ги очекува од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој смета дека најголемата владејачка партија на овие избори ќе потроши огромна сума на пари.

Орце Ѓорѓиевски е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје – најави дека ќе го воскресне градот
Досега ВМРО-ДПМНЕ го потврди својот кандидат за градоначалник на главниот град. Ќе биде Орце Георгиевски, актуелниот градоначалник на Општина Кисела Вода.

До крајот на јули ќе биде познато кој ќе биде кандидатот на СДСМ за Град Скопје
СДСМ разгледува четири имиња, а меѓу нив се поранешната министерка за животна средина, Каја Шукова и архитектот Мишко Рале.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот