
„Летаа искри“: Откриен идентитетот на девојката со која Хари Стајлс страсно се бакнуваше на Гластонбери
Најверојатно е откриен идентитетот на таинствената нова девојка на пејачот Хари Стајлс, со која беше снимен како се бакнува страсно во ВИП-зоната на фестивалот Гластонбери за време на викендот, пишува „Дејли мејл“.
Препорачано
Станува збор за продуцентката Ела Кени, која веќе околу три години работи во музичко студио во Лондон.
„Хари и Ела добро се забавуваа на Гластонбери и се бакнаа на подиумот за танцување. Се разбраа во тој момент, но тоа не значи дека нешто повеќе ќе се развие. Едноставно, си ‘кликнаа’ и се бакнаа. Делува како приземјена, нормална девојка, што е разлика во однос на некои од големите ѕвезди со кои бил претходно“, изјавил извор.
Познато е дека Стајлс во минатото бил поврзуван со многу жени од А-листата – од пејачката Тејлор Свифт и манекенката Кендал Џенер, до француската убавица Камиј Роу и актерката Оливија Вајлд.
Друг извор раскажал: „Летаа искри веднаш штом се здогледаа. Само еден час по пристигнувањето, се бакнаа пред многу луѓе и делуваа како воопшто да не им е грижа кој ги гледа. Изгледаа како да се знаат одамна, беа многу блиски и опуштени еден со друг“.
И покрај тоа, не е познато дали се познавале пред да се сретнат на фестивалот, а не се следат ниту на Инстаграм. Стајлс бил таму во друштво на пријатели, а Кени прво го бакнала неколкупати во образ, па потоа заедно завршиле на подиумот каде што се бакнале јавно.
Последен пат Стајлс бил виден како се бакнува јавно со супермоделот Емили Ратајковски во Токио, но тоа не му беше и последна врска. Минатата година беше во љубовна врска со актерката Тејлор Расел, со која раскина во мај 2024 година.
ВИДЕО | Хари Стајлс фатен како страсно се бакнува со мистериозна убавица