Леонид Индов е пренесен во ГОБ „8 Септември“, фактурата во Австрија уште не е целосно платена

Леонид Индов, пациентот кој доживеа тешка несреќа на летување во Грција, после што мораше да се лекува во Виена, се врати во Македонија и моментално е во ГОБ „8 Септември“. Тој го повредил третиот, четвртиот и петтиот пршлен на летување, дишел на респиратор и не можел да ги движи екстремитетите. Според сознанија на „Слободен печат“ пред четири недели во Австрија бил симнат од респираторна поддршка и неговата состојба се подобрува. Но, уште не е решено прашањето со тоа кој ќе го покрие неговото лекување во Австрија, откако ФЗОМ одби да ја покрие фактурата за лекувањето под изговор дека тоа не е лекување, туку „рехабилитација“. Покриена е само една фактура и тоа од донации на граѓаните, а втората уште не е покриена. Исто така, неизвесно е каде во земјава за Индов ќе се спроведува комплексната рехабилитација и на тоа прашање ниту една здравствена установа не даде одговор.

Така семејството беше принудено дел од лекувањето во Австрија да го покрие со донации на хумани граѓани кои излегоа во пресрет тогаш  кога институциите потфрлија.

Министерот за здравство, Арбен Таравари, рече дека Владата потпишала одлука да се врати Леонид во Македонија, а понатаму да се види каков ќе биде третманот.

– И како Министерство и Влада ќе бидеме максимално ангажирани во вакви случаи – вети Таравари.

Семејството реагираше во медиумите бидејќи ФЗОМ одби да го покрие лекувањето на Леонид во Австрија, без притоа да наведат каде може да се спроведува рехабилитацијата во Македонија. Индов е вратен во Македонија со медикоптер на МВР на барање на неговиот татко, исто како што на почетокот беше пренесен на лекување во Австрија.

Таткото на Леонид за „Слободен печат“: Одговорните од ФЗОМ одбија да покријат 140 илјади евра за лекувањето на син ми, зашто можел да се лекува во Македонија, а не кажуваат каде!

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот