фото: EPA-EFE/Alessandro Di Marco

Леонардо Бонучи ќе се пензионира во 2024 година

Играчот на Јувентус и италијански репрезентативец Леонардо Бонучи денеска соопшти дека на крајот од следната сезона ќе стави крај на својата кариера како професионален фудбалер.

Тој истакна дека се надева дека оваа сезона со Јувентус ќе ја освои Лигата на Европа.

– Кога ќе престанам да играм фудбал следната година, тоа ќе биде крај на дефанзивната ера – изјави Бонучи за клупскиот канал на Јутјуб.

Бонучи (36) порасна во тимот на Витербеса, а потоа играше за Интер, Тревизо, Пиза, Џенова и Бари пред да стане член на Јувентус во 2010 година. Тој во сезоната 2017/2018 го облече дресот на Милан, а потоа се врати во Јуве.

За „Старата дама“ одигра 500 натпревари и постигна 37 гола. Со клубот од Торино освои 17 трофеи, додека со репрезентацијата на Италија беше европски шампион во 2021 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот