
Докторка тврди: Опасно е да се земаат овие два додатоци во исто време, ги уништуваат бубрезите!
Додатоците во исхраната често се сметаат за едноставен и ефикасен начин за подобрување на здравјето. Иако ова може да биде точно во многу случаи, важно е да се запамети дека ниту еден додаток не е чудотворно решение и дека многу од нив носат потенцијални ризици.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Особено е важно да се внимава со сумплементите во исхраната кога се земаат во комбинација со други лекови или дури и со други додатоци. Иако некои суплементи се безбедни сами по себе, одредени комбинации може да бидат опасни, особено за здравјето на бубрезите.
Земањето додатоци во високи дози или комбинирањето на погрешни суплементи може да претставува сериозен ризик за телото.
Доктор Шон Ормонд предупреди на една комбинација: тврди дека земањето големи дози на витамини К и Е заедно може да го зголеми ризикот од згрутчувања на крвта и проблеми со бубрезите.
Витаминот Е и витаминот К можат да бидат корисни сами по себе бидејќи и двата играат клучни улоги во телото. Витаминот К помага за зајакнување на коските и кај згрутчувањето на крвта, додека витаминот Е е важен за здравјето на мозокот, репродуктивното здравје и видот. Иако овие витамини најдобро се добиваат преку исхраната, суплементацијата може да биде добра опција доколку ни недостасуваат хранливи материи од храната.
Меѓутоа, проблемот настанува кога консумираме големи дози од двата витамини заедно.
Витамините растворливи во масти може да бидат штетни за црниот дроб и бубрезите ако се земаат во големи дози.
„Витаминот Е и витаминот К се витамини растворливи во масти кои можат да стапат во интеракција. Земањето големи дози на двата витамини може да го зголеми ризикот од згрутчувања на крвта“, вели д-р Ормонд за „Ши фајндс“ (SheFinds).
Според една студија, поради нивното учество во процесот на згрутчувањето, во екстремни случаи комбинацијата може да доведе до абнормално згрутчување на крвта.
Покрај тоа, витамините растворливи во масти, како што се витамините Е, К, А и Д, можат да бидат штетни за црниот дроб и бубрезите ако се земаат во големи дози.
„Во нормални количини, витамините А, Д, Е и К не се штетни, но некои суплементи може да содржат високи концентрации кои можат да го оштетат црниот дроб и бубрезите. Проблемот е што витамините растворливи во масти не можат да се излачат во урината, па затоа се акумулираат во бубрезите и црниот дроб, особено кога се земаат во големи дози или во комбинација“, предупредува нутриционистката Џеси Федер.
Иако додатоците во исхраната можат да бидат корисни за одредени здравствени потреби, треба да се внимава кога додавате нови суплементи во вашата рутина.