
ВИДЕО | Лејди Гага има два свршенички прстена – eден од трева, другиот вреди 2 милиони долари
Поп-иконата Лејди Гага неодамна откри дека има не еден, туку два свршенички прстена. Во гостувањето во радио-емисијата „Шоуто на Ховард Стерн“, пејачката сподели дека нејзиниот свршеник, Мајкл Полански, прво ја запросил со ливче трева, а потоа ѝ подарил традиционален дијамантски прстен, вреден два милиони долари.
Препорачано
Во интервјуто, Гага раскажа како Полански, пред да ја запроси, ја прашал на кој начин би сакала тоа да се случи.
„Му реков: ‘Само земи ливче трева од градината и замотај ми го околу прстот’“, се присети пејачката.
На 1 април минатата година, тој го исполнил нејзиното барање и ја запросил токму на тој начин. Ливчето трева е заштитено со смола, за да може да се носи како прстен. Подоцна, Полански ѝ подарил и дијамантски прстен, кој, според извори, вреди два милиони долари.
„Двата ми се подеднакво драги. Но, ливчето трева – не можеш да замениш нешто со такво значење“, изјави Гага, откривајќи дека често ги носи двата прстена истовремено.
Да потсетиме, Лејди Гага и Мајкл Полански ја започнаа својата врска непосредно пред почетокот на пандемијата со коронавирусот. Иако нивната љубовна приказна долго време беше под превез на тајност, јавноста дозна за нивните свршувачки планови дури кога парот заедно се појави на црвениот тепих на филмскиот фестивал во Венеција. Тогаш Гага за првпат го покажа својот дијамантски прстен, привлекувајќи големо внимание.
Кон крајот на минатата година, во гостувањето кај Џими Кимел, пејачката откри дека со Полански имаат неколку идеи за венчавката.
„Разговараме за тоа да одиме кај матичарот само ние двајца и да нарачаме кинеска храна. Но, знаејќи ме мене, тоа лесно може да се претвори во циркус со еднорози“, се пошегува таа.