Легендарниот Паспаљ итно хоспитализиран и опериран од срце

Фото: EPA/SASA STANKOVIC

Кошаркарската легенда Жарко Паспаљ бил итно пренесен во болница и опериран од срце, но добро е што се наоѓа надвор од животна опасност, пренесуваат медиумите во регионот.

Екс-кошаркарот на Партизан кој освои бројни медали со репрезентацијата на Југославија требало да биде гостин на одредена свеченост, меѓутоа во саботата бил примен во болница поради аритмија.

Операцијата врз Паспаљ била направена денеска, а иако е надвор од животна опасност превентивно ќе остане на интезивна нега во наредните неколку денови.

Со репрезентацијата на Југославија Паспаљ беше светски шампион во 1990 година, а трикратен европски во 1989, 1991 и 1995 година. За Паспаљ ова не е прв здравствен проблем бидејќи во 2001 година има два сериозни срцеви удари, додека во 2017 година имал и мозочен удар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот