Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Ви препорачуваме
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Легендарниот Болт утре ќе ја посети Србија, ќе се сретне и со Вучиќ
Најбрзиот човек во историјата, легендарниот спринтер Усеин Болт, утре ќе пристигне во Србија, а во рамки на посетата е предвидена и средба со претседателот Александар Вучиќ. Како што дознаваат медиумите, средбата ќе се одржи во Палата Србија со почеток во 10:30 часот, а доаѓањето на славниот атлетичар предизвика голем интерес кај јавноста.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Иако официјалната агенда сѐуште не е објавена, весникот „Журнал“ открива дека Болт ќе биде прогласен за амбасадор на ЕКСПО 2027, меѓународната изложба што Србија ќе ја организира од 15 мај до 15 август 2027 година.
Се очекува утре и претседателот Вучиќ и Болт да се обратат на српската јавност. Инаку, ЕКСПО (скратено од Exposition Universelle) претставува светска изложба која ги обединува државите, организациите и компаниите од целиот свет за да ги прикажат своите достигнувања во науката, технологијата, индустријата, културата и иновациите.
Болт е еден од најголемите спортисти во историјата, а сопственик е на осум олимписки златни медали, 11 светски титули, две сребра и една бронза од светски првенства. Неговите светски рекорди на 100 (9.58) и 200 метри (19.19), поставени во 2009 година на СП во Берлин и понатаму се недостижни за новите генерации на спринтери.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
4мин
-
14мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5