
ЛДП ќе оди на избори сама, но си средила „флерт“ со ГРОМ
Поранешниот министер за локална самоуправа и некогашен градоначалник на Скопје, Ристо Пенов, заедно со докторот Никола Пановски ќе бидат на чело на листата на советници на изборите во Градот Скопје. Тоа го изјави Пенов во гостувањето во емисијата „Стадион“ на Канал 77 во саботата.
Препорачано
Според зборовите на Пенов, ЛДП ќе излезе сама на изборите во Скопје, но сепак ќе биде во соработка со ГРОМ на градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски. Тој вели дека имало мала комуникација со долгогодишниот коалициски партнер, СДСМ, за настапот на локалните избори.
Пред четири години ЛДП, исто така, настапи одделно од СДСМ, но тогаш беше во изборна коалиција со ДОМ. На повеќе места кандидатите за градоначалници на ЛДП (како Скопје и Битола) освоија значителен број гласови, што придонесе за поразите на сдсмовските кандидати.
Пенов рече дека со ГРОМ меѓусебно ќе ги поддржуваат кандидатите на двете партии за градоначалници, но дека деталите уште не се знаат. ЛДП засега нема сопствен кандидат за градоначалник на Скопје.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
10мин
-
28мин
-
30мин
-
32мин
-
38мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5