Кирил Лазаров

Лазаров за пописот: Погубно е за државата и економијата губиток на скоро 200 000 луѓе, ни треба нов почеток

Со реакцијата за резултатите од пописот кои денеска ги објави Државниот завод за статистика се јави и
Кирил Лазаров, сопственик на НИКОБ Групацијата и претседател на Македонско- Бугарската стопанска комора.

„Како луѓе исправени пред Бога, сите сме исти и еднакви, без разлика на националност, вера, боја на кожа и слично. Како луѓе исправени пред државата и нејзините национални интереси и уставот и законите, воопшто не е важно колку сме Македонци или Албанци, православни или муслимани. Ние сме демократска држава и симбол на интегрирање на различностите и токму тоа е нашата најголема сила. Најважно е колку сме, колкаво работоспособно население имаме, која е структурата во образованието, вработеноста, односно невработеноста, а со тоа и економската моќ на државата, вели Лазаров во објавата на Фејсбук.

Тој јавно аплираше за создавање на сеопфатна економска стратегија која е неопходна за државата.

-Јавно апелирам, мобилизирање на сите економски, стопански и бизнис чинители во државата за подготовка на конечна, суштинска и сеопфатна економска стратегија и образовна платформа прилагодена врз овие структурни статистики за да ја спречиме белата чума и да се задржи во државата она што останало. Погубно е за државата и економијата губиток на скоро 200 000 луѓе. Ни треба развој и нов почеток, дециден е претседателот на Македонско- Бугарската стопанска комора Кирил Лазаров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот