
Лазаров: Разочаран сум, невозможно е да се совлада екипа од Бундеслигата со таква статистика
Екипата на РК Алкалоид не успеа до резултат и на реваншот (28:29) со германскиот бундеслигаш ТСВ Хановер-Бургдорф и така го заврши својот настап во квалификациите за ЕХФ Европската Лига.
Препорачано
Германците беа подобри резултатски и на двата натпревари, со што го обезбедија своето место во групната фаза од натпреварувањето.
– Честитки за Хановер, заслужено победија. Јас сум разочаран бидејќи на двата меча промашивме вкупно девет удари од шест метри. Со таква статистика невозможно е да се совлада екипа што игра во Бундеслигата. Знаевме дека Хановер е поквалитетен тим, но ова е премногу. А кога ќе се земе предвид дека станува збор за противник кој победува екипи како Магдебург или Фуксе Берлин, тогаш јасно е колку беше тешко со таква статистика – рече тренерот на Алкалоид, Кирил Лазаров на прес-конференцијата по мечот.
Алкалоид сега ќе се насочи целосно кон домашната сцена, а прв предизвик во Супер лигата ќе му биде ГРК Охрид дома на 10 септември во салата „Автокоманда“.
– Сакам да им честитам на Хановер за победата и да им посакам среќа во групната фаза на ЕХФ Европската лига. За жал, за нас европската авантура завршува тука и нашиот фокус ќе биде насочен кон домашните натпреварувања – беа зборовите на ракометарот на Алкалоид, Игор Ѓоргиев.
ФОТО | РК Алкалоид го доби пехарот од ЕХФ Европскиот куп за сезоната 2024/25
ФОТО | РК Алкалоид го доби пехарот од ЕХФ Европскиот куп за сезоната 2024/25