Фото: РФМ/Фејсбук

Лазаров: Немаме право на грешка, но верувам во пласман на Европското првенство

Македонската ракометна репрезентација денеска ги започна подготовките за решавачките два натпревара од квалификациите за Европското првенство. Селекторот Кире Лазаров останува оптимист дека „црвено-жолтите“ ќе успеат да ги совладаат Естонија и Литванија и да го продолжат континуитетот на настапи на големите ракометни собири, и покрај бројните проблеми со повредени играчи.

„Секогаш сум оптимист, таков бев и како играч, таков сум и сега како тренер. Но сум и претпазлив, мора да бидам таков поради проблемите со повреди кои ги имаме. Ни недостасуваат многу играчи, тие ќе бидат заменети со нови“, изјави Лазаров.

Подготовките се кратки, а првиот натпревар е веќе зад аголот.

„Нема да биде лесно, немаме ни многу време за подготовки, имаме само два-три дена пред мечот со Естонија. Немаме право на грешка, ќе внимаваме на она што е најважно од анализата на противникот. Очекувам два тешки меча и физички и психолошки. Сепак верувам во тимот, верувам дека ќе се прикажеме во вистинско светло. Голем дел од ракометарите имаат играно вакви мечеви на кои немате право на грешки. Прво се фокусираме на Естонија, а потоа ќе мислиме на Литванија“, додаде селекторот.

Лоши вести пристигнаа и од медицинскиот тим – сигурно отпадна Филип Велковски, а неизвесен е и Марко Стојковиќ.

„Велковски има повреда на листот и со голема сигурност нема да може да настапи. Дојде само да се поздрави со колегите. Стојковиќ се пожали на болка, ќе правиме дополнителни прегледи. Затоа и повикав 21 ракометар – знаев дека можеме да се соочиме со вакви предизвици. Мислам дека Велковски 99 проценти нема да може да настапи, дојде тука само да се поздрави со момците. Има повреда на листот која ја заработи на мечот со Вардар. Денеска на болки се пожалии Марко Стојковиќ, па ќе мора да бидат направени тестови. Велковски отпадна, а најверојатно ќе отпадне и Стојковиќ. Знаев дека може да дојде до нешто вакво, затоа повикав 21 ракометар“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот