Фото: РФМ

Лазаров: Катар е борбена селекција со ракометари кои прават разлика, ќе биде неизвесно

Македонската ракометна репрезентација по денешниот ден за одмор, утре ја чека нов натпревар во втората фаза на Светското првенство, а наш противник ќе биде селекцијата на Катар.

Катар, кој е предводен од ракометната легенда Веселин Вујовиќ, во претходното коло одигра одличен дуел, беше во егал со Холандија до самиот крај и загуби со само еден разлика (38:37).

Дека Македонија ја очекува тежок натпревар, потврди и селекторот Кире Лазаров.

“Катар имаше одлични натпревари на Светското првенство. Борбена селекција со многу натурализирани играчи кои прават разлика на теренот. Не очекува уште еден неизвесен натпревар. Очекувам уште еднаш да бидеме на високо ниво. Ќе видиме дали тоа ќе биде доволно за позитивен резултат”, изјави Лазаров.

Натпреварот против Катар Македонија го игра утре од 15:30 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот