Новак Ѓоковиќ наскоро испишува јубилеј/ фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Лазаров: Ѓоковиќ е најголемиот, иако е помлад од мене, го гледам како идол

Еден од најдобрите ракометари на сите времиња, македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров во свое, но и во име на Ракометната федерација на Македонија, од голема почит спрема работата и делото му подари дрес на националната селекција на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ.

Дресот му го предаде македонскиот новинар Бошко Тасиќ, а Ноле кој настапува на турнир во Белград, од срце го прифати подарокот од пријателот, селекторот и капитен на Македонија.

Лазаров кажа низа пофалби за Ѓоковиќ, а изјави дека му се восхитува поради многуте квалитети кои ги поседува.

– Новак беше и секогаш ќе биде најголем за мене. Иако е помлад од мене, јас го гледам како идол. Идоли на теренот и надвор од него. Победник кој се раѓа еднаш во 1000 години. Неговата ментална сила и начин на однесување во важни моменти и во моменти кога губи.

Како знае да направи пресврт од загубен меч, па тоа е речиси невозможно. Со години го прави тоа со леснотија. Најголемиот! – вели нашиот десен бек за српските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!