Лавров: САД се борат против Русија – во некои случаи директно

Сергеј Лавров / Фото: EPA-EFE/RUSSIAN FOREIGN AFFAIRS MINISTRY

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров тврди дека САД се борат против Русија „не само на хибриден начин, туку во голем број случаи директно“.

Осврнувајќи се на тековната воена операција во Украина, Лавров, кој е во посета на Бразил, рече дека Русија е „секогаш подготвена да преговара како и дека неговата земја никогаш ништо не одбила“, но посочи дека во тие преговарања „разговорот мора да биде искрен, а не на начин на кој се навикнати САД“.

Говорејќи на брифингот за медиумите во Рио де Жанеиро, рускиот дипломат ги критикуваше и САД за нивната реакција на смртта на Алексеј Навални, нарекувајќи ја „хистерија“.

– САД се однесуваат како обвинител, судија и извршител на казните, и сето тоа во едно шише. Оваа хистерија поради смртта на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални убедливо го покажа тоа. И не сакам ни да коментирам детално – овие луѓе немаат право да се мешаат во нашите внатрешни работи.

Истакнатиот критичар на Кремљ почина во казнена колонија на Арктикот минатата недела.

(ВИДЕО) Мајката на Навални: Властите ме притискаат за таен погреб на мојот син

Песков за изјавата на Бајден дека Путин е „луд кучкин син“: Се обидел да го изглуми „холивудскиот каубој“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот