
Лавров: Русија е подготвена да ги проучува мировните иницијативи на Трамп за Украина
Русија е подготвена да ги проучи мировните иницијативи на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за војната во Украина кога тој ќе ја преземе функцијата следната недела, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Лавров предупреди дека Трамп претходно најавувал дека војната ќе биде прекината во рок од 24 часа откако ќе се врати во Белата куќа, пред неговата инаугурација, но додаде дека Русија го поздравува фактот што тимот на Трамп почнал да зборува за „реалноста на теренот“ кога станува збор за Украина.
Рускиот министер за надворешни работи рече дека тоа се рефлектира во изјавите на Трамп, како и во коментарите на неговиот иден советник за национална безбедност, Мајк Волц.
Волц за телевизијата ABC во неделата изјави дека е јасно дека војната мора да се заврши некако преку дипломатски средства.
„Едноставно не мислам дека е реално да се каже дека ќе го исфрлиме секој Русин од секоја педа украинска почва, дури и од Крим. Претседателот Трамп ја призна таа реалност и мислам дека тоа беше огромен чекор напред кон тоа целиот свет да ја прифати таа реалност. „Ајде да одиме напред сега“, изјавил идниот советник за национална безбедност на САД Мајк Волц.