Лавров го обвини Западот дека директно се бори против Русија во Украина

Сергеј Лавров / Фото: EPA-EFE/RUSSIAN FOREIGN AFFAIRS MINISTRY

Западот „директно се бори“ против Русија во Украина, рече рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во седиштето на ОН во Њујорк.

„Можете тоа да го наречете како сакате, но тие (Западот) се борат против нас, тие се борат директно против нас“, рече Лавров на маргините на седницата на Генералното собрание на ОН и додаде дека тоа е хибридна војна, која ја менува реалноста.

„Тоа што тие де факто се борат против нас користејќи ги Украинците, мислам дека сите овде што се заинтересирани за ситуацијата во Украина многу добро знаат дека Американците, Британците и другите се борат пред се за да обезбедат се повеќе и повеќе оружје, рече изјави шефот на руската дипломатија.

САД и европските земји кои испорачуваа системи за вооружување на Киев од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година, инсистираат на тоа дека не се во војна со Москва, туку и помагаат на Украина да се одбрани.

Лавров предупреди дека е во „заеднички интерес да се избегне спирала на војна од големи размери и да се спречи конечниот колапс на механизмите за меѓународна соработка поставени во ОН“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот