фото: fiba.basketall

Квалификации за СП: БиХ по две продолженија ја шокира Фрранција

Кошаркарската репрезентација на Босна и Херцеговина приреди изненадување во квалификациите за пласман на СП 2023 и по две продолженија ја совлада една од најдобрите репрезентации во Европа, Франција со 96:90.

Ова е прва победа за БиХ по шест порази по ред во дуелите со Франција која со поразот падна на второто место во групата К со скор 6-2. Победата пак за БиХ значеше и враќање на надежите за пласман на СП бидејќи сега има скор 4-4.

Кошаркарите на БиХ одлично го започнаа натпреварот и во првата четвртина имаат предност од дури 18 поени, но во втората четвртина следеше пад во играта кој Французите го искористија за да заминат на одмор со едноцифрена негатива. Во вториот дел, Бих постојано беше во водство и во последните 100 секунди влезе со предност од пет поени.

Но, на 14 секунди до крајот, Нуркиќ ја загуби топката по што Французите успеаја да го однесат натпреварот во продолжение од пет минути. Во првото продолжение БиХ повторно имаше предност во последната минута, овој пат од четири поени, но тогаш на сцена стапи Руди Гобер кој постигна четири поени и го однесе натпреварот во ново продолжение во кое кошаркарите на БиХ не ја повторија грешката, ја зачуваа предноста и на крајот славеа со 96:90.

Јусуф Нуркиќ со 21 поен и 9 скокови беше најдобар кај БиХ, Муса даде 17, а Робертсон 18 поени, додека кај Франција најрасположен за игра беше Фурнир со 24 поени.

Литванија со 90:73 ја совлада Црна Гора и со само еден пораз е лидер на табелата во групата К. Во истата група, Унгарија славеше на гости кај Чешка со 79:82.

Во групата Л, фаворитите Шпанија и Италија славеа против Холандија и Грузија. Итлаија дури во последната четвртина го скрши отпорот на Грузија и славеше со 91:84, додека Шпанија како гостин со 64:84 ја победи Холандија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот