
Кузеска: Срамно понижување на државата и дипломатски дебакл на Сиљановска-Давкова во Бугарија
Опозициската СДСМ реагира дека посетата на Сиљановска Давкова на Бугарија е срамно понижување и дебакл.
Препорачано
„Македонската делегација на чело со Гордана Сиљановска Давкова, вчера во Софија доживеа дипломатски дебакл, а нашата држава досега невидено понижување и срам на меѓународна политичка сцена. Сиљановска Давкова и придружните министри во Софија беа пречекани како претставници на некои локални бугарски клубови или општински институции, а не како меѓународни високи претставници на држава членка на НАТО и важен партнер на Бугарија“, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.
СДСМ отворено ја прашува претседателката која држава ја претставуваше во Бугарија и со кои симболи?
„Каде се изгуби државното име и во него Македонија – за чие меѓународно признавање се бореа генерации? Каде се изгуби ветената и неостварена гордост? Дали сликањето до бугарското знаме значи дека ја претставува Бугарија? Владата на Мицкоски и Сиљановска не се ни свесни за тоа во која мера се изиграни и понижени. Нив воопшто и не ги третираат како државници. Самата Сиљановска и ВМРО-ДПМНЕ се согласиле однапред на приватен и понижувачки третман во Софија. Импровизација и наивност е надворешната политика на ВМРО-ДПМНЕ и Сиљановска. Со вакви политики, Македонија ниту е горда, Гордана уште помалку е горда, а граѓаните и државата ќе трпат понижувања секој ден“ – истакна Кузеска.
Ја прашуваме Гордата Гордана и нејзиниот шеф Мицкоски, која држава ја претставуваа во Бугарија и со кои симболи? Каде се изгуби државното име и во него Македонија – за чие меѓународно признавање се бореа генерации? Каде се изгуби ветената и неостварена гордост? Дали сликањето до бугарското знаме значи дека ја претставува Бугарија? Владата на Мицкоски и Сиљановска не се ни свесни за тоа во која мера се изиграни и понижени. Нив воопшто и не ги третираат како државници. Самата Сиљановска и ВМРО-ДПМНЕ се согласиле однапред на приватен и понижувачки третман во Софија. Импровизација и наивност е надворешната политика на ВМРО-ДПМНЕ и Сиљановска. Со вакви политики, Македонија ниту е горда, Гордана уште помалку е горда, а граѓаните и државата ќе трпат понижувања секој ден – истакна Кузеска.