Фото: социјални мрежи

Курто Дудуш се сликал со најскапиот „Ајфон“ за да го промовира бројот 17 за изборите, а телефонот инаку не бил негов

Откако градоначалникот на Шуто Оризари и кандидат за нов мандат, Курто Дудуш, објави фотографија на која се гледа како тој зборува со најнов „Ајфон 17 Про Макс“, кој чини околу 1.600 евра, а фотографијата предизвика внимание во јавноста, тој се огласи преку социјалните мрежи.

Дудуш тврди дека „Ајфонот“ не е негов, туку на неговиот братучед Алмир, а тој се сликал со него за да го промовира бројот 17, кој е негов на гласачкото ливче.

„Да ја разрешиме мистеријата за вистинскиот сопственик на iPhone 17 Pro Max – тоа е мојот братучед Алмир Дудуш, познат бизнисмен во Шуто Оризари. Со фотографијата сакавме да го промовираме бројот 17, со кој ќе настапиме на изборите со нашата партија Унија на Ромите. Тоа беше порака, а не промоција на телефон“, напиша Дудуш на социјалните мрежи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот