Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Ви препорачуваме
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Курти за протестите во Србија вели дека тоа е дело на српскиот народ, не негово
Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин Курти, реагираше на обвинувањата од српскиот претседател Александар Вучиќ, кој го посочи како организатор на протестите во Србија.
Препорачано
Курти за време на Генералниот одбор на партијата Самопределување, која воеедно го предложи него за премиер, нагласи дека протестите во Србија се израз на незадоволство на самите српски граѓани, а не мешање на Косово.
„Видовте дека Вучиќ ме обвини оти сум ги организирал и наредил протестите таму, дека ги спроведуваме ние. Ова не е изненадувачки, им се случува на сите диктатори кои се отсечени од својот народ, кого го притискааат и не му веруваат. Во околности кога не му веруваш на народот, сè ти се чини дека е од тие од надвор. На Александар Вучиќ протестите му ги организира народот на Србија, а не премиерот на Косово“, рече Курти.
Вчера, говорејќи за протестите низ Србија, Вучиќ изјави дека додека бил во командно-оперативниот центар на МВР за време на демонстациите, добил информации дека протестирачите одлучиле оти на 19 септември ќе бидат организирани демонстрации против канцеларијата за Косово и Метохија. За ова Вучиќ кажа дека наликува „како лично Курти да им наредил што да прават“.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
44мин
-
1час
-
1час
-
1час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5