Курти: Косово лидер во Западен Балкан по економски раст и владеење на правото

Албин Курти/Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека Косово води меѓу земјите од Западен Балкан во однос на економскиот развој и владеењето на правото, нагласувајќи дека во последните години тоа зајакнало во многу области.

Курти во вторникот на Самитот „Балкански држави 2024“ изјави дека Косово е позиционирано за раст во иднина, а напредокот е означен со странски директни инвестиции во секторот култура, спорт, здравство и образование.

„Косово води со економски раст и владеење на правото на Западен Балкан. Се очекува да има зголемување на инвестициите…Косово има многу да и понуди на Европската Унија за безбедност и партнерство, преку зајакнување на демократијата, економскиот развој и може да создаде регион кој е развиен и цути“ , изјави Курти.

Косовскиот премиер Курти додаде дека главниот предизвик за земјите од Западен Балкан е да ги надминат историските предрасуди, но како што рече, овие земји докажале дека можат да постигнат помирување и дијалог.

„Заедниците во Косово се здружуваат за да изградат добра иднина и овој дух на соработка ќе продолжи да цвета. Косово е позиционирано за раст во иднина“, рече тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот