
Купување на „Тему“ од неколку евра заврши со казна од над 600 евра
Еден клиент од Италија плати скапо за навидум безопасна купување на популарната платформа Тему. Купување од неколку евра заврши со цена од повеќе од 600 евра.
Препорачано
За нарачка што вклучуваше маица со мотив на Дизни и шноли за коса, тој доби казна од 618 евра на царината во Рим, иако плати само неколку евра за стоката- објави Каматица.
Спорниот пакет беше запрен на царината во мај, а по прегледот, стоката беше испратена до адвокатите на Дизни, кои потврдија дека станува збор за фалсификат. Според италијанскиот закон од 2005 година, одговорноста за купување фалсификувана стока е на самиот купувач, дури и ако не бил свесен дека нарачал фалсификат.
Маицата и шнолите беа веднаш конфискувани, а купувачот доби казна, која според италијанскиот закон може да биде до 7.000 евра. Овој случај служи како предупредување за сите што купуваат на платформи како Тему, каде што лесно може да се купат фалсификувани производи по многу ниски цени.
Сопственикот на апликацијата „Тему“ е најбогатиот милијардер во Кина
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
4мин
-
13мин
-
16мин
-
19мин
-
20мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5