пијани возачи фото МИА

Кумновец дрво пијан ноќеска возел мотор низ градот, полицијата го привела

Приведен 34-годишен моторџија од Куманово, кој доцна синоќа бил фатен како вози пијан.

„На 12.09.2025 во 01:00 часот на булевар „Октомвриска револуција“ во Куманово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишија од слобода А.С.(34) од Куманово. При контрола на патниот сообраќај во Куманово, полициските службеници сопреле мотоцикл, кој го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,20 промили алкохол во крвта“ соопшти МВР.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава за „безобѕирно управување со моторно возило“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот