Фото: Приватна архива

Кујнското катче на Ана Крстаноска: Љубовни колачиња

Ана Крстаноска е млада и креативна жена, која стои зад еден од најубавите инстаграм-профили за храна кај нас – „Ана кичен корнер“ (ana_kitchen_corner).

Готвењето ѝ е вистинска пасија и хоби на кое му пристапува со голема љубов и посветеност.

– Спремањето храна го доживувам како мое хоби, кое го надополнувам со многу љубов и внимание секогаш кога сум во можност. Среќна сум кога им спремам нешто вкусно на моето семејство и моите пријатели и токму тоа ми ја полни душата со позитивна енергија – вели таа.

Денеска Ви го претставуваме нејзиниот рецепт за колачиња со крем.

– Велат дека во виното е вистината, а во љубовта смислата за живот. Затоа останете засекогаш заљубени во виното, а опиени од љубовта. По повод Свети Трифун и Свети Валентин, ви ги споделувам овие прекрасни вкусни тарт срциња полни со крем кој ќе ве воодушеват – вели Крстаноска.

Фото: Приватна архива

Потребни состојки:

  • 330 гр брашно
  • 130 гр шеќер во прав
  • 1 ванилин шеќер
  • Прстофат сол
  • 150 гр ладен путер исечкан на коцки
  • 1 јајце
  • Крем од лешници

Подготовка:

Измешајте ги сите состојки и додајте го путерот, па измешајте ја целата смеса во миксер. Кога убаво ќе ја соедините, без да има видливи парчиња од путерот, формирајте топка и ставете ја во пластична фолија во фрижисер за да „одмори“ 30 минути.

Потоа оставете ја на собна температура пет минути да се пушти тестото. Расукајте со сукало и извадете кругови со поголема чаша. Круговите се местат во калап за мафини, оставајќи како вдлабнатина.
Потоа се полнат со крем и од горе ставате мало срце формирано од тестото.

Се печат дваесетина минути во загреана рерна на 180 степени.

На здравје!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот