Фото: Приватна архива

Кујнското катче на Ана Крстаноска: Домашни гиро тортиљи

Ана Крстаноска е млада и креативна жена, која стои зад еден од најубавите инстаграм-профили за храна кај нас – „Ана кичен корнер“ (ana_kitchen_corner).

Готвењето ѝ е вистинска пасија и хоби на кое му пристапува со голема љубов и посветеност.

– Приготвувањето храна го доживувам како мое хоби, кое го надополнувам со многу љубов и внимание секогаш кога сум во можност. Среќна сум кога им спремам нешто вкусно на моето семејство и на моите пријатели и токму тоа ми ја полни душата со позитивна енергија – вели таа.

Денеска ви го претставуваме нејзиниот рецепт за домашни гиро тортиљи.

– Да знаев дека толку лесно се подготвуваат овие домашни тортиљи, ќе размислев двапати дали би купила готови бидејќи вкусот не се споредува – вели Крстаноска.

Фото: Приватна архива

Потребни состојки:

  • 450 гр брашно
  • 1 печиво
  • мало лажиче сол
  • 250 мл топла вода
  • 80/90 гр стопен путер

Подготовка:

Ставете ги почивото и солта во брашното, па промешајте. Ставете го стопениот путер со топлата вода и пола од брашното во сад за месење. Мешајте додека не се спојат состојките и додадете го останатото брашно. Замесувате меко тесто и оставате да одмори петнаесетина минути покриено.

Да напоменам – не додавајте дополнително брашно бидејќи тестото треба да биде меко.

Поделете го тестото на осум топчиња. Оформете го убаво секое топче и расукајте го во круг. Се препорачува да е тенко расукано за да не нарасне како лепче додека се пече. Секое расукано топче го „печете“ на тава за палачинки или друга нелеплива тава малку премачкана со путер од двете страни кратко колку да се фати коричка.

Прекривате со крпа за да останат меки и да не се исушат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот