Фото: Pexels/Ivan Babydov

Кучињата може да го намирисаат стресот кај луѓето

Можеби мислите дека сте способни да го скриете стресот, но ново истражување покажува дека кучињата може да го помирисаат.

Истражувачи од Универзитетот на кралицата во Белфаст спровеле експерименти со четири кучиња и 36 луѓе и заклучиле дека кучињата се способни да го помирисаат стресот во здивот и потта на човекот, пишува Cnet“.

Фото: Unsplash

„Истражувањето посочува дека на кучињата не им требаат визуелни или аудиознаци за да го препознаат стресот кај луѓето“ – изјави Клара Вилсон, докторанд на факултетот за психологија при универзитетот.

Истражувањето може да помогне во откривање на начинот на кој кучињата ја интерпретираат психолошката состојба на луѓето, додала Вилсон.

Куче со својот сопственик / Фото: Pexels / thevibrantmachine

Во експериментите, кучињата можеле да го препознаат стресот кај луѓето со точност од 94 отсто. Биле направени 720 теста со кучињата и луѓето.

Дресер на кучиња открива: Ова е најлошиот трик кој може да го научи вашето куче

Бодликаво прасе како милениче: Го шетаат на поводник, сака да се гали и да влегува во тоалетна школка

ВИДЕО | Англискиот сетер Бизби го собори светскиот рекорд за најдолг јазик на куче

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот