ФОТО | Куче истрчало 6,5 километри низ дивина за да го спаси сопственикот, настрадан во сообраќајка

Германски овчар / Фото: Pexels / Summer Stock

Кучето е најдобриот пријател на човекот, а случај од американската држава Орегон најдобро ја потврдува оваа изрека.

По сообраќајна несреќа во Орегон, куче истрчало речиси 6,5 километри до кампот за да го извести семејството на неговиот сопственик дека му е потребна помош, а властите велат дека Брајан Гарет бил спасен поради храброста на животното.

Гарет излетал од патот во провалија, а во возилото биле и неговите четири кучиња, пренесува „Гардијан“.

Тој ја преживеал несреќата, а едно од неговите кучиња истрчало речиси 6,5 километри низ дивината за да стигне до семејството на неговиот сопственик.


Семејството брзо почнало да го бара Гарет и на крајот го забележало неговиот автомобил, по што повикале спасувачи.

Премногу повреден за да се искачи сам на стрмната карпа, Гарет бил принуден да ја помине ноќта во провалија чекајќи неговиот верен крзнен пријател да најде помош, пишува „Њујорк пост“.

Кучето на Брендон Гарет пристигна во кампот во округот Бејкер околу 9.30 часот во понеделникот за да го извести загриженото семејство за несреќата, рече шерифот на округот.

„Пристигна шерифот Еш и го пронајде возилото, заедно со кучето, во стрмна област. Додека бараше пристапна точка до потокот, слушна лице како вика за помош“, соопшти Канцеларијата на шерифот на округот Бејкер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот