Отварање на ЈП Лајка - Скопје, 14 октомври 2020 / Фото: Драган Митреска - Слободен печат.

Кучешка чума во ЈП „Лајка“ – прифатилиштето во 14-дневен карантин

Во прифатилиштето на ЈП „Лајка“ констатирана е појава на инфективната болест штенечак – кучешка чума.

Станува збор за вирусно заболување исклучително ризично по животот на кучиња, без никаква опасност по здравјето на луѓето.

-Ве информираме дека веднаш по констатирањето на првите случаи, согласно стручните ветеринарните препораки и насоки, преземени се низа превентивни мерки. Од денес престануваме со заловување и враќање на бездомни кучиња првично во период од 14 дена, поради долгата инкубација на болеста и следствено, опасност кучињата да пројават знаци на болеста веќе откако ќе бидат вратени на локација. Затоа, во периодот од 14 дена во стационарот ќе се прифаќаат само кучиња кои се пријавени за агресивни или кои каснале граѓани – информираат од „Лајка“.

Во тек е внатрешна реорганизација, дезинфекција и санација на сите оддели – карантин, интензивна нега, пост-оперативен дел и вдомување. Од претпријатието најавија дека ќе работат исклучиво на вдомување на застоените кучиња кои престојуваат со години во прифатилиштето и имаат имунитет а ќе бидат предадени на новите сопственици единствено со негативен тест на штенечак.

-Во моментот сме под карантин, со што сме спречени активно да работиме на решавање на проблемот со уличната популација на кучиња. Застојот на програмата залови – стерилизирај – вакцинирај – врати ќе биде бргу надоместен во наредните месеци, но во моментов е недозволиво да се импровизира. Мерките кои се преземаат во овој период се неопходни и од исклучително важност, со цел да превенираме ширење на болест која е подмолна и фатална по здравјето и животот на кучињата – се додава во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот