Крводарителство: Црвен крст Куманово лани собра околу 2.700 крвни единици

Општинската организација на Црвениот крст Куманово лани бележи 2.649 крводарувања, што е приближно на исто ниво како и годините пред пандемијата, информираа денеска од организацијата.

Минатата, 2022 биле организирани 29 крводарителски акции кои се на слично ниво како и претходните години. Лани, по две години пауза се реализираа и крводарителски акции по средните училишта, по приватни компании, здруженија кои за време на пандемијата паузираа со организирање масовни акции.

Бројката на крводарувања е на приближно исто ниво како и годините пред пандемијата, очекуваме годината дополнително да се стабилизира состојбата со организирање крводарителски акции во трите општини каде што работиме Куманово, Старо Нагоричане и Липково, изјави в.д секретарот на кумановскиот Црвен крст, Ива Младеновска.

Во јануари ќе се одржат две веќе редовни крводарителски акции, првата во ЈП „Водовод” и втората акција со членовите на рибарското друштво „Мак Дам”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот