Фото: Top Channel / print screen

Страотно злосторство во Албанија: Девер ја убил снаата додека спиела со двегодишната ќерка

Ужасен случај на крваво насилство ја потресе денеска Албанија – 40-годишниот Роланд Синани со пиштол ја убил својата снаа од брат Миѓена Синани, мајка на две деца, додека таа спиела во својата соба, а потоа се застрелал самиот себери во дворот на семејниот дом, пренесе „Вокс њуз“.

Бруталното убиство се случило во Шкоза, населба во главниот град Тирана.

Според полицијата, таткото на убиецот, кој бил стар и болувал од деменција, кога синот се застрелал, отишол кај него, му го зел пиштолот од рака и го фрлил неколку метри подалеку. Полицијата истражува наводно учество на трето лице во крвавиот инцидент.

Пред да го изврши стравичниот чин, Роланд бил пресретнат од неговата мајка, која го молела да го остави оружјето, а потоа отишла во собата и се подготвувала да легне, кога слушнала два истрела и вресок и истрчала до собата на снаата, каде го затекнала двегодишното девојче, нејзината внука, како плаче покрај мртвата мајка.

Полицијата засега не открива повеќе детали за мотивот за ужасното убиство, кое се случило рано утрово околу 4 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот