Фото: Фото: HENRY NICHOLLS / AFP / Profimedia / Instagram / cruzbeckham

ФОТО | Круз Бекам ужива на јахта во гаќи од 500 евра: „Ги позајми од татко ти?“

Семејството Бекам ужива на одмор на југот на Франција, а помладиот син на поранешниот фудбалер Дејвид Бекам, Круз објави фотографии од патувањето на социјалните мрежи и ги воодушеви обожавателите. Сепак, нивниот најстар син, Бруклин, не им се придружи на одморот.

Круз се сончаше облечен само по костим за капење „Прада“, вреден околу 500 евра, пишува „Дејли мејл“. Им се придружи и девојката на Круз, 10 години постара од него, бразилската пејачка Џеки Апостел. Круз и Џеки изгледаа целосно опуштено додека се сончаа заедно на јахтата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by CRUZ (@cruzbeckham)

Се чини дека Круз одлучил да го позајми стилот на својот татко, Дејвид беше виден како носи многу сличен костим за капење на одморот минатата година. Изгледот на Круз исто така потсетуваше на познатите кампањи за долна облека на Дејвид за „Армани“, каде што претходно носеше бели гаќи за да ја покаже својата мускулеста фигура.

Круз објави фотографија од себе во овој костим за капење на социјалните мрежи, а оожавателите беа воодушевени во коментарите.

„Дали некој зумираше толку многу како мене?“; „Телефонот ми се прегреа“; „Ги позајми од татко ти?“; „Премногу си сладок“, беа дел од коментарите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Page Six (@pagesix)

Семејна драма кај Бекамови: Бруклин и Ромео во конфликт поради Ким Турнбул?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот