Апасиев, Крмов / Фото: Левица

Крмов: Левица се залага за задолжителни домашни полици во сите маркети и колонијални продавници

На средбите со граѓаните на Берово, пратеникот од Левица и Носител на листа во ИЕ3, Борислав Крмов, обраќајќи се кон земјоделските произведители, истакна дел од мерките предвидени во изборната програма на Левица.

,,Приоритет ни е укинувањето на забраната за продавање на зелени пазари за сите ,пазарџии’ со минимални примања. Секој има право да го продава на пазар она што самиот го произвел со свој труд!,,Левица се залага за воведување на задолжителни домашни полици во сите маркети и колонијални продавници (гранапи), каде што ќе бидат изложени само наши македонски производи, видно одделени од останатата увозна стока”, дадава Крмов.”, потенцираше Крмов.

Имајќи ги предвид туристичките капацитети на Берово и природните ресурси за зајакнување на туристичката понуда на недопрената природа во беровскиот регион, Крмов ги потенцираше мерките и проектите од програмата на Левица што на беровчани ќе им донесат поголеми можности за туристичко – економски развој.

,,Во делот на туризмот, Левица се залага за изработка на петгодишна Национална стратегија за поддршка и стратешки развој на македонскиот туризам, со вложување во локална инфраструктура (промоција, пристап, ресторани, сувенирници, организирани посети и тури и сл.). Понатаму – брендирање на името ,Македонија’ и промоција на нашата гостопримливост во странски туристички списанија – со организирани роуд-шоуа за големи светски и европски туроператори низ повеќе предели од Македонија, меѓу кои и Берово”, вели Крмов.

Според него, Левица има предвидено и стимулации на неколку туристички гранки од национално значење: т.н. зелен, одржлив, т.е. алтернативен еко-туризам (селски / рурален / манастирски), бањски туризам (велнес и спа-центри) и др.

,,Се залагаме за развој на вински и гастрономски туризам преку промоција на традиционалната македонска кујна. Левица се залага и за зголемување на туристичката такса на минимум 1,5 евро, која во моментот е далеку најниска во однос на земјите од регионот (пр. во Македонија таа изнесува само 40 денари; во Србија = 1,53 ЕУР; во Хрватска = 1.59 ЕУР; во Словенија = 3 ЕУР), како наменско користење на средствата од оваа такса исклучиво за развој на туризмот”, истакнува пратеникот и Носител на ИЕ3, Борислав Крмов.

Во програмата на Левица има над 1000 мерки и проекти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот