Кривична за поранешен началник на Одделение за обезбедување на Влада – му овозможил на вработен да земе 600 евра бонус плата

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Б.З., поранешен вработен во МВР, на работно место началник на Одделение за обезбедување на Влада на РСМ, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело ,,злоупотреба на службената положба“.

Пријавениот, како началник на Одделение за обезбедување на Влада на РСМ, ја злоупотребил службената положба и овластување на начин што на полициски службеник вработен во Одделението со кој што раководел, му овозможил да се стекне со право за исплата на бонус плата за 2023 година иако не го исполнил условот утврден во Законот за работните однос, односно да нема отсуство од работа повеќе од 21 ден во текот на годината.

Пријавениот, полицискиот службеник го ставил на списокот на полициски службеници кои ги оствариле условите за исплата на бонус плата за 2023 година врз основа на што на полицискиот службеник му било изготвено решение со кое му било утврдено право за исплата на бонус плата за 2023 година и му биле исплатени пари на неговата трансакциска сметка во износ од 36.614 денари, во кој износ го оштетил буџетот на Министерството за внатрешни работи .

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот