Далновод / Фото: EPA

Кривична пријава за фирма од Битола поради кражба на струја

СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против правно лице од Битола и В.П.(50) од Скопје, управител на правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас “, казниво во чл.235-а од Кривичниот законик.

Како што соопшшти денеска МВР, во периодот од 01.02.2024 до 17.01.2025, пријавеното правно лице се стекнало со противправна имотна корист од 9.300.955 денари на тој начин што второпријавениот, без согласност на соодветен оператор на системот, со премостување на мерната опрема, преземал електрична енергија без да ја плати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот