Фото: МИА

Кривичен не се согласува со решението на Уставен за казните на адвокатите од „27 април”

Со изречените парични казни поради нарушување на редот во судот, апсолутно не е доведена во прашање повредата на правото на мислење и слободата на изразување на мислата, се наведува во издвоените мислења на Уставниот суд за одлуката за поништување на решенија на Основниот кривичен и на Апелацискиот суд Скопје за парични казни на адвокатите во постапката на предметот за настаните од 27 април, соопшти поладнево Кривичниот суд.

„Основниот кривичен суд Скопје со исклучителен респект кон Уставниот суд на РСМ како орган и кон одлуките кои овој суд ги носи, има за потреба да ја извести јавноста дека неможе да се согласи со одлуката У.бр. 57/2019 со која се утврдува поништување на решенијата, но во целост ќе ја почитува. Кривичниот суд го цени фактот дека одлуката на Уставниот суд на РСМ не е донесена едногласно и дека истата содржи и издвоени мислења на одредни уставни судии на кои мислења се приклучува„, се наведува во соопштението на Кривичен.

Појаснуваат дека со поништување на одлуките на Кривичниот и Апелациониот суд , Уставниот суд постапува како инстанционен суд, а, додаваат, таква надлежност нема, односно Уставниот суд нема надлежност да поништува одлуки на редовните судови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот