Profimedia
Фото: Профимедиа

Критики за Опра Винфри: „Луѓето немаат каде да живеат, а вие ангажирате пожарникари за вашиот имот“

Американската водителка Опра Винфри повторно се соочува со критики по катастрофата на островот Мауи. Како што пишува „Атланта Блек Стар“, телевизиската ѕвезда направила сè што е во нејзина моќ за да го заштити својот имот на Хаваи од невидените шумски пожари кои го опустошија островот во август годинава.

Повеќе корисници на социјалните медиуми објавија видеа во кои се наведува дека таа ангажирала приватен тим од пожарникари за да го локализира пламенот што му се заканувал на нејзиниот имот од 2.000 хектари. Да не зборуваме, пишува „Атланта Блек Стар“, дека многумина сè уште се огорчени што Винфри јавно ги посетуваше засолништата каде што раселените жители бараа засолниште откако ги изгубија своите домови. На прва – необично, додека не го земете предвид контекстот на целата приказна, делумно шпекулациите и секогаш омилените теории на заговор.

Во едно од видеата на платформата ТикТок се тврди дека Винфри најмила тим пред да започнат пожарите и дека наместо да вдоми барем мал дел од тие раселени луѓе, таа ангажирала приватен тим за обезбедување за да ги задржи подалеку од нејзиниот имот.

Винфри повремено живееше во Мауи во последните 15 години. Споменатото видео алудира и на „матни зделки за недвижнини“, насочени кон раселените жители. Еден корисник на Твитер тврди дека истите овие зделки ѝ помогнале на моќната Винфри да го купи нејзиното огромно земјиште за ситна сума.

„Толку сте загрижени за Мауи, што наместо да донирате сума што би изнесувала годишна плата за вас и уште четири-пет ваши пријатели милијардери, што може да се искористи за обнова на целото место за неколку месеци, вие скокате по социјалните медиуми и ја молите американската јавност, од која повеќето не можат да си дозволат да ја платат киријата во моментов, да го направи тоа наместо вас“, се вели во видеото.

Винфри долго време беше критикувана за преземање сопственост на земјиште во туристички центар. По неодамнешното уништување, локалните жители ја повикаа неа и другите истакнати богати луѓе да помогнат во напорите за опоравување. Покрај купувањето предмети за прогонетите, таа се здружи и со актерот Двејн „Д Рок“ Џонсон за да го основа „People‘s Fund of Maui“.

Тие донираа по пет милиони долари, но побараа и од јавноста да им помогне. Парите, наводно, ќе одат директно за жителите погодени од пожарите. Винфри во видеото изјави дека секој жител над 18 години ќе добива 1.200 долари месечно за шест месеци или додека не се потроши фондот за помош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот