Фоо: ЕПА, Салваторе ди Нолфи

Критичарот на Путин, Кара-Мурза доби 25 години затвор за предавство

Опозицискиот активист Владимир Кара-Мурза доби 25 години затворска казна за предавство и други кривични дела поврзани со неговите критики за војната во Украина, пренесе Би-Би-Си.

Кара-Мурза, поранешен новинар и политичар, е еден од бројните критичари на Путин кои се затворени или принудени да ја напуштат Русија последниов период.

„Не само што не жалам за ништо од ова, туку сум горд“, изјави тој пред судот во Москва.

Кара-Мурза имаше и голема улога во убедувањето на Западот да воведе санкции за руски функционери поради нивната улога во кршењето на човековите права и корупцијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот