Кристина Еплгејт / Фото: EPA/Profimedia

Кристина Еплгејт поради мултиплекс склероза се здебелила 18 килограми и оди со бастун

Познатата холивудска актерка Кристина Еплгејт раскажала во интервјуто за „Њујорк тајмс“ за својот здравствен проблем со кој се борат многу луѓе ширум светот.


Кристина Еплгејт истакнала дека не чувствувала никакви симптоми, а потоа ѝ била дијагностицирана мултиплекс склероза.

„Би сакала да обрнев внимание, но како тоа би го знаела? Морав да го прифатам тоа, изгубив дел од себе. Ми беше потребно време“, изјавила Еплгејт поради која продуцентите на серијата „Dead To Me“ го паузирале снимањето пет месеци, со цел нејзината здравствена состојба да се стабилизира.

„Тоа ќе биде првпат некој да ме види таква каква што сум. Се здебелив 18 килограми и не можам да одам без бастун. Сакам луѓето да го знаат тоа“, додала актерката и порачала дека сакала да ја раскаже својата приказна пред премиерата на третата сезона на споменатата серија, 17 ноември, за гледачите да разберат поради што се променила.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Theory (@shadysidesnews)


Кристина, по воспоставената дијагноза не можела да работи како претходно, не можела да се симнува по скали, на снимањето доаѓала во инвалидска количка, а член на екипата и нејзин долгогодишен пријател ѝ помагал на снимањето.

„Ми рекоа дека не треба да го завршиме снимањето и дека можеме да споиме неколку епизоди. Им одговорив: ‘Не, ќе снимаме, но под мои услови’“, се присетила актерката.


Кристина Еплгејт, која го победи ракот на дојка и во 2008 година се подложи на двојна мастектомија (отстранување на дојките), лани ја извести јавноста за својата здравствена состојба.

„Пред неколку месеци ми беше дијагностицирана мултиплекс склероза. Тоа беше чудно патување, но добив огромна поддршка од луѓе кои исто така се соочуваат со оваа состојба. Ќе биде тежок пат, но како што сите знаеме, патот продолжува понатаму. Освен ако некој не го блокира. Како што рече еден од моите пријатели кој има мултипла склероза: „Се будиме и работиме на одредени дејствија“. И тоа е она што јас го правам, затоа сега барам приватност додека поминувам низ сето ова. Ви благодарам“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот