фото: EPA-EFE/VINCE MIGNOTT

Кристијано Роналдо со нови обвиненија: Тен Хаг ме провоцираше

И вториот дел од интервјуто на Кристијано Роналдо со Пирс Морган е објавено на социјалните мрежи.

Во истиот Португалецот продолжува со обвинувањата кон менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг.

– Не знам дали жалам што го напуштив стадионот (против Тотенхем). Можеби да, можеби не. Тешко е да се каже 100%. Да речеме дека се извинувам, но во исто време се чувствувам испровоциран од тренерот кој сакаше да ме пушти три минути. Жал ми е, но јас не сум таков играч и знам што можам да му дадам на тимот. Тој рече од почит кон мојата кариера дека не ме играше против Манчестер сити, но потоа сака да ме доведе на три минути против Тотенхем – нема смисла. Неколку пати се почувствував испровоциран – вели Роналдо.

Португалскиот репрезентативец, кој се подготвува за настапот на Светското првенство во Катар, беше многу разочаран од комуникацијата со клубот од „Олд Трафорд“.

– Никогаш не сум имал проблем со ниту еден тренер или тим, и потоа ме казнија за три дена. Се чувствував понижено. Дома ме прашаа како е казнет најдобриот играч на светот. Се обидов да го дадам мојот совет и искуство за да му помогнам на Манчестер јунајтед да биде онаму каде што заслужува да биде. Кога пристигнав во клубот секогаш бев подготвен да му помогнам на тимот да направи добри работи, да се натпреварува со најдобрите, но непријатно е кога еден ден нозете ти се „отсечени“ – рече Португалецот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот