Насловна корица на романот „Мементо мори“ во издание на „Антолог“

Крими-серијалот за Виктор Николов продолжува со романот „Мементо мори“ на Анде Јанков

На неодамна завршениот Саем на книга беше претставен шестиот роман на Анде Јанков, со наслов „Мементо мори“. Станува збор за петтиот дел од серијалот за Виктор Николов и продолжение на романот „Кобајаши Мару“.

Дејството на романот се одвива во Скопје и во Загреб, а во центарот на случувањата е театарската претстава „Мементо мори“, своевидна преработка на „Хамлет“, во изведба на Битолскиот народен театар на сцената во Загреб. Паралелно со тоа, го следиме и животот на Виктор Николов, една година после случувањата во претходниот дел.

За романот, рецензентката Софија Стојков напиша: „Низ целото дејство во книгата провејува потребата да се остави некакво наследство и легитимитет во дела, поголеми од материјалното уживање, дури и по цена на сопствениот живот, бидејќи соочени со смртта, единственото важно прашање е каква смисла имал животот?“

Романот „Мементо мори“, како и останатите пет книги на Јанков, се во издание на „Антолог“. Во текот на мај Јанков ќе присуствува и на првото издание на „Белградски трилер фестивал“, а промоцијата на романот „Виенски гамбит“ на бугарски јазик е закажана за 22 мај во македонскиот КИЦ во Софија.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 281, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 17-18.5.2025)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот