
КРИК и ОЦЦРП: Кумот на претседателот на Србија ја купи авиокомпанијата од Станко Суботиќ
Кумот на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, Никола Петровиќ, ја купи авиокомпанијата „Ер Пош“ од контроверзниот бизнисмен Станко Суботиќ, пишуваат денес истражувачкиот портал КРИК и меѓународната новинарска мрежа ОЦЦРП.
Препорачано
„Оваа зделка е завршена надвор од очите на јавноста. Петровиќ го скри тоа зад оф-шор компанија регистрирана во Луксембург. Кумот на претседателот купи компанија што поседува авион вреден повеќе од половина милион евра, ефтино, судејќи според договорот, за само 100.000 евра“, наведуваат порталите.
Според нивните информации, Петровиќ основал компанија во Луксембург на почетокот на 2019 година, преку која „тајно влегол во голем број бизниси во Србија“ за развој на технологија за соларна енергија, увоз на лекови и воздушен транспорт.
Predsednikov kum Nikola Petrović kupio avio-kompaniju od Stanka Subotića – KRIK https://t.co/u3zVbAODwA
— Dusan07 (@Dusan07) February 9, 2021
Петровиќ ја купи компанијата што е сопственик на авионот од Станко Суботиќ, моќен бизнисмен кој имаше деловни врски во светот на криминалот, дознава КРИК во меѓународниот новинарски проект „ОпенЛукс“ („Отворен Луксембург“).
Станува збор за податоци од деловниот регистар во Луксембург, добиени од новинари од француски „Монд“ и меѓународната новинарска мрежа ОЦЦРП, кои ги откриваат вистинските сопственици на компании основани во таа земја, што е офшор дестинација.
КРИК беше меѓу 16-те партнери на весникот „Монд“ кој ги бараше собраните податоци и се занимаваше со истражување на зделките што бизнисмените од Србија ги склучуваа преку Луксембург.
Податоците откриваат нешто за кое се шпекулираше со години: дека Суботиќ е близу до центрите на моќ во Србија и има врски со луѓето на претседателот Александар Вучиќ.
„Суботиќ и Петровиќ имаат компании во Луксембург, даночен рај лоциран во Европската унија. Суботиќ дојде прв таму. Во октомври 2018 година, тој ја премести својата клучна компанија“ Emerging Markets Investments (EMI) „од Данска во Луксембург. Прво лоцирана во главниот град, а потоа компанијата беше преместена во Луделанж, град на југозападот на земјата со околу две илјади жители. Петровиќ го следеше неговиот пат“, наведува порталот КРИК.
Извор:Бета